Содржина

Вовед

  1. E-општество
  2. Предмет и цел на Магистерскиот труд
  3. Досегашни истражувања и достигнувања во оваа област
  4. Концепт и методологија на истражувањата
  5. Очекувани резултати

Анализа на системска/корисничка основа за Web публикување и администрирање просторни податоци

  1. ГеоПросторни податоци
    1. Препознатливи пакети геопросторни подадоци
    2. Продукција, дистрибуција и управување со геопросторни податоци
    3. Квалитет, Униформност и Стандарди кај ГеоПросторниот податокот
      1. INSPIRE иницијатива
      2. Актуелност на податокот и ISO стандарди во оваа област
  2. Информатичка платформа
  3. Трансформирање на геопросторните податоци во бизнис геоинформации
    1. Концепти за избор на репрезентативен податок
    2. Можности за бизнис примена на геопросторните податоци

Анализа при избор на оптимална технологија за Web публикување и администрирање просторни податоци

  1. Формати на публикување
  2. Целни групи клиенти
  3. Потребни ресурси на серверска страна
  4. Потребни ресурси на клиентска страна

Web GIS проект – www.MKmaps.com

  1. Мисија на проектот web интерактивна карта
  2. Информатичко-Технолошка основа на апликацијата

Заклучни ставови

  1. Инвестирање и развој на технолошки платформи за управување со ГеоПросторни податоци во нашето бизнис опкружување …
msc

... Администрирањата со просторните податоци како дел од е-управувањата, одсекогаш преставувале дополнителен предизвик раководени од комплексноста во дефинирањето, димензионирањето и дистрибутивните условувања без разлика дали станува збор за отворени и/или затворени системски решенија....

...
Предмет и цел на Магистерскиот труд
Администрирањата со просторните податоци како дел од е-управувањата, одсекогаш преставувале дополнителен предизвик раководени од комплексноста во дефинирањето, димензионирањето и дистрибутивните условувања без разлика дали станува збор за отворени и/или затворени системски решенија.

Успешното управување и развојот на недвижниот простор, инфраструктурата и настаните поврзани со него, е базирано врз квалитетни просторни податоци и системи за чување и администрирање на податоците. Во многуситуации просторниот податок значително може да помогне во носењето позитивна одлука за интелигентно искористување на просторните ресурси.

Раководејки се од оваа констатација, предмет на оваа истражување ќе бидат просторните податоци и нивната дистрибутивност базирани врз WEB ориентирани решенија. Во тој контекст, а следејки ја комплексноста на случувањата во реалниот свет, истражувањата ќе бидат ориентирани кон балансот на ресурси и алгоритми за подршка на администрацијата со просторните настани. Ваков приод во суштина ќе има одговорност хиерархиски да ги рангира просторните функции по значај, ориентација и системското вклопување како интегрални решенија ориентирани кон управувањето и донесувањето на институционални и поединечни одлуки во бизнис и друг вид на економски и политички одлуки.

Поконкретно, цел на овој труд е да го покаже местото и моќта на ГеоПросторните податоци сервирани како информации во планирање и носење квалитетни бизнис или индивидуални одлуки поврзани со просторни сегменти и тоа пред огромниот број корисници на Интернет.

За да биде појасен ликот на продуктот “геопросторна информација” и основите од кој информацијата се произведува, во трудот ќе се афирмираат основните сетови на геопросторните податоци, технолошките процеси за аквизиција и обликување на податоците, стандардите со кои се регулира продукцијата на просторните податоци, претпоставките и реалната конструкција на економските фактори кои како иницијатива и показатели треба да ја дадат оправданоста/исплатливоста и конкурентноста на понудениот концепт во амбиенталните опкружувања.
...
* Комплетниот труд ќе можете да го погледнете во .pdf - наскоро ..превземи го фајлот >> || повеќе на www.MKmaps.com