*Содржина

*Вовед

  • ГеоПросторни одлуки ...
  • Како настанува потребата од ваков вид одлуки...
  • Визуелизација на просторни сегменти за планерски активности...

*ГеоПросторни податоци

  • Препознатливи пакети геопросторни подадоци ...
  • Начини на продукција, дистрибуција и управување со податоци ...
  • Актуелност на податокот и ISO стандарди во оваа област ...

*Трансформирање на геопросторните податоци во
    бизнис геоинформации

  • ГеоПросторна визуелизација …
  • ГеоПросторните анализи при донесување бизнис одлуки …
  • ГеоМаркетинг …

*Заклучни согледувања

  • Инвестирање и развој во технолошки платформи за управување со ГеоПросторни податоци во нашето бизнис опкружување …

*Користена литература

MSc part one


Современиот начин на живеење во сплет со високиот технолошки развој длабоко ги менува методите со кои човекот ги извршува секојдневните потреби.
Електронското општество е во се повеќе сегменти од информативните и административните услуги во многу институции во современиот свет.
Дали се прашувате каде е геопросторниот податок во современите општествени текови? Каде му е местото во напредните информатички системи?
Да се ставиме во ситуација на туристичкичка агенција која би сакал да им каже на своите потенцијални гости за Охрид, на пример. Колку и да раскажеме и напишеме за некоја ГеоПросторна локација, неможеме да постигнеме реален ефект кај слушателот, како со само еден визуелен картографски приказ на местото, околината и разместеноста на локациите од широк интерес.

Дадениов пример опфаќа широк круг корисници, навидум општа ГеоПросторна информација може значајно да влијае во донесување позитивна одлука како туристот најквалитетно да се информира за локалитетите во областа.
Во многу други ситуации геопросторниот податок значително може да помогне во носењето позитивна одлука за интелигентно искористување на просторните ресурси.
Колку луѓе дневно поставуваат прашање:
Колку супермаркети има во населбата Карпош и каде се ЛОЦИРАНИ? ...
Има ли кино во близина? ...
Каде има национален ресторан? ...
Која е најблиска аптека? ...
Каде е адресата Рузвелтова 40? ...
Сакам да изнајмам стан до 60м2, да е во близина на училиште, маркет и јавен превоз? ...
Барам локација за индустриски објект кон кој ќе гравитират 150 потенцијални вработени и пристапдо магистрален пат? ...
На овие прашање може да се одговори со сет организирани и публикувани геопросторни податоци.
ГеоПросторните податоци како информација или уште повеќе како систем од информации, харвер и софтвер своето значење го имаат во многу планерски и управувачки дисциплини. Најдобар начин максимално да се покаже нивната корисна улога е организирањето во ГеоИнформациски систем кој се проектира со основна цел да се унапреди и олесни носењето одлуки поврзани со некој простор и просторните активности на него.

Цел на оваа елаборирање е да го покаже местото и моќта на ГеоПросторните податоци сервирани како информации во планирање и носење квалитетни бизнис одлуки.
За да биде појасен ликот на продуктот “геопросторна информација” темата поаѓа од опис на основните сетови геопросторни податоци, краток опис на технолошкиот процес низ кој се произведуват тие податоци и економска елаборација на процесот што е можеби и најзначаен елемент за успешен продукт кој ќе биде реално препознаен на пазарот со податоци.

Централно место во овој краток преглед на продуктот “геопросторна информација” оставам на еден современ тренд во развиените општества кој со македонска семантика ќе го наречам “ГеоПросторните податоци во бизнис планирања и носење одлуки”.
Веќе на почеток на воведот се поставени некои прашања на кои најдобро може да се одговори со геопросторен податок. Бизнис информационите системи на големите корпорации своите статистики ги визуелизираат и анализираат врз основа на геопросторна приврзаност на информациите. Далечинските планирања за било која територија се неизводливи без доверлива геопросторна разместеност на клучните елементи за планот. Ставете се во ситуација на експерт кој треба да испланира разместеност на ланец супер маркети на територијата на Р.Македонија, за успешен план во овој сектор е потребна разместеност (густина) на население, разместеност на конкурентски мрежи, разместеност на платежна моќ на локално население, т.е колку повеќе информации толку пореален план.

Во заклучните согледувања на темата ќе се обидам да направам оптимално предлог решение за систем кој ќе ги поврзе геопросторните податоци со бизнис информационите системи и економскиот интерес во тој систем.


* Комплетниот труд можете да го погледнете во .pdf - превземи го фајлот >> GeoSpatial Datasets in Business decision-making.pdf