Diploma 10 10 2007
Вовед
Интернетот како медиум
ГеоИнформациски Системи
Geo локации/сегменти и атрибути приврзани за нив
Web публикување податоци
Структура на системот за Web публикување
Web публикување Geo податоци
Структура на системот за Web публикување GeoData
Web портал   www.gizzo.com.mk
Апликација со повеќе елементи публикувана на Интернет сервер, достапна за сите Корисници
Заклучни ставови од темата

Користена литература и податоци

Библиотека на користени поими

 

“ Секое дело во животот бара труд, време, посветеност и поддршка.

Оваа Дипломска работа денес немаше да е повод без огромната и безрезервна подршка од фамилијата, без јасно утврдената насока и поддршка  од менторот, без многуте лекции од професорите, без искрената пријателска и стручна поддршка од тимот на ГеоВилд Мак и пријателите,

Ви благодарам “

dinamic world
 

Вовед

Интернетот како медиум

Интернет от како медиум  во последните години доби ва висока популарност во секој сегмент од современото живеење . Тој тренд е во силен пораст и тоа е сосема оправдано ако направиме споредба колку брзо и едноставно ги добиваме информациите од интернет за разлика од сите други медиуми. 24часа на ден Web страните се достапни за секој што сака да добие актуелна информација.

Internet Browser ????????

 

 

 

 

 

Internet Browser прозорец


Развојот на идеата за пристап и пренос информациски пакети меѓу повеќе кориснички компјутери почнува во 1960тите години. Министерството за Одбрана на САД ( U.S. Department o f Defense Advanced Research Projects Agency (ARPA) ) го развива и реализира проектот ARPANET – мрежа од компјутери со пристап до информации наменети само за воени потреби. ARPA формира и две мрежи со сателитски пренос на информациите помегу компјутери-корисници на различни просторни локации. Секоја од овие мрежи задоволува само конкретна  потреба за која е развивана и е достапна на потесен круг корисници.

????-?????????????? ???? ???????????? ?????

Шема-Интерконекција меѓу компјутерски мрежи

Потребата за брз пристап до повеќе информации пред корисникот иницира развој на методологија за интерконекција меѓу поголем број компјутерски мрежи – Интернет. Интерконекцијата е овозможена по принцип на логичка(виртуелна) врска со дефиниран сет мрежни протоколи ( Transmission Control Protocol/Internet Protocol (TCP/IP)) кои нудат со впишување на текстуална адреса (word processors) да се воспостави протек на информации меѓу различни типови компјутери од различни мрежи.

Во почетокот  на 1980тите користејки ги TCP/IP протоколите многу научни и владини агенции формираат компјутерски мрежи ( Computer Science NETwork, Department of Energy's Magnetic Fusion Energy Network (MFENet), High Energy Physics NETwork (HEPNET), National Science Foundation NETwork (NSFNET) ). Интернет навлегува и во поголеми компании за нивни комерцијални цели, со што секојдневно се развиват технологии и правила за да се добијат поголеми бенифити од размената на потребни информации. Кон крајот на 80тите како склоп на сите дотогашни технологии и протоколи е креирана широка светска мрежа ( World Wide Web ).

Со глобалното распространување кон мрежата пристапуваат огромен број корисници од различни општествени сегменти па www го добива приматот јавен сервис, кој нуди информации од повеќе видови и различно потекло .


Денес, кога информацијата е моќ, интернетот е водечки медиум. Високото ниво на интелектуален и технолошки развој, трендовите на глобализација во економски и политички светски целини, наметнуваат потреба од брз пристап до актуелни, систематизирани и доверливи информации од многу различни точки на Земјината сфера. Се поголеми се барањата од милиони корисници за информации поврзани со барана Geo -локација ( Сообраќајна инфраструктура–најкраток пат до одредена адреса/локација, Туристички локалитети за баран регион, Вегетација и култури на замјоделското земјиште, Разместеност на население, Разместеност на индустриски објекти, Недвижности,  Оски на развој и просторни планови,   и сл).

Интернетот како систем за размена на податоци нуди можност за развој и креирање платформи кои пред огромниот број корисници ќе публикуваат Geo - информации.

 

ГеоИнформациски Системи

Geo локации/сегменти и атрибути приврзани за нив

gis find location

gis zoom

gis adress model

GIS- Кориснички дисплеј- “ Активна ” Авто карта со атрибути за локации * Microsoft ® AutoRoute2002 ®


Функционалната целина која ги интегрира Geo локациите/сегментите и атрибутите приврзани за нив во современата терминологија се нарекува ГеоИнформациски Систем ( GIS ). Овие системи се склоп од хардвер, софтвер/апликација и податоци кои со јасно дефинирани протоколи за комуникација сервер-клиент ја реализираат поставената цел/продуктивност. Продукт на ГеоИнформациските Системи се популарно наречени “ активни карти ” кои освен основната цел за секоја карта – визуелизација на просторни сегменти, дозволуват поставување “ прашања ” насочени кон Geo локации и информациите кои ги опишуваат. “ Одговорот/извештај ” на поставените прашања, зависно од концепцијата на GIS апликацијата, доаѓа во форма тополошко преструктуирање на прикажаните просторни елементи на картата и/или атрибутен/статистички извештај во Info прозорец.

ГеоИнформациските Системи и нивните “продукти” се применливи во различно дизајнирани хардверско-софтверски платформи за управување, пристап и развој на ресурсите на системот. Раководејки се од намерите и целите зададени во појдовниот концепт за формирање,GIS апликациите пред крајниот корисник може да се дистрибуират од наједноставен модел како desktop пристап т.е клиентот да ја повикува апликацијата која е поставена/сервирана на иста хардверска единица, LAN- локално мрежно поврзани повеќе клиенти кои се опслужувани од еден сервер, па до GIS апликации поставени/сервирани на www-глобалната мрежа.

Целта на оваа дипломска работа е да ги елаборира платформите, потребните ресурси и процеси за непречена дистрибуција Geo податоци и содржини поврзани со нив (GIS) пред широкиот круг екстерни и интерни корисници на  глобалната мрежа (World Wide Web).

Пристапот кон темата поаѓа од дефинирање на основните интернет протоколи за пристап и трансфер на податоци. Интернет публикувањето податоци се реализираат преку соодветни апликации за пребарување по Web порталите, апликации кои менаџираат со Web Серверите на кои се сместени податоците и апликации кои ги произведуваат/визуелизираат податоците дозволувајки континуиран приказ на информации пред Web корисниците.

Процесот Web публикување податоци со геодетска ориентација, кој е тема на Дипломската работа, практично е реализиран со Web порталот www.gizzo.com.mk . Порталот, преку затворена апликација која е поставена на Web сервер, пред корисниците на www. публикува атрибутни и геометриски информации.

Web публикување податоци

Структура на системот за Web публикување

Интернет мрежата е базирана на концептот client/server

Корисник <> Апликација / Податоци <> Сервер

??????? ???? Web ????????- Web ??????

Основна шема Web корисник- Web сервер


World Wide Web е изградена од три компоненти:

o         Софтвер/апликации за пристап, користење и креирање на податоци/информации;

o         Софтвер за управување со мрежата, ги поставуваат и одржуваат протоколите и правилата за комуникација меѓу учесниците во мрежата ;

o         Хардверски елементи, компјутери, рутери,  адаптери, кабли, технологии за безжична конекција и други уреди кои физички ја остваруват интерконекцијата меѓу компјутерите во мрежата.

Пристапот и манипулацијата со податоците на Web бара софтверски платформи кои го подржуваат чувањето/сервирањето, трансферот, протокот и прегледот.

Основно за корисникот и серверот да бидат компатибилни на Web, е оперативниот систем кој ги управува нивните компјутери да има вградена софтверска опција за препознавање и подесување кон интернет протоколите   ( Transmission Control Protocol/Internet Protocol) . Оваа опција е интегрирана во сите оперативни системи и автоматски се повикува.

Серијата од правила, позната како протоколи за комуникација меѓу компјутерите (TCP/IP) , одредува како ќе се формираат информациските пакети и како ќе се процесираат/дистрибуираат. Хардверските единици од мрежата ( IP routers) ги примат пакетите, го проверуваат  насловот кој секој пакет го има по протокол и откако ќе го детерминира, информацискиот пакет се препраќа до друг router кој е најблиску до крајната дестинација на пакетот.

TCP/IP протоколите, преку софтверите кои ги поставуваат и одржуваат, овозможуват автоматска детекција и корегирање на проблеми при трансферот/протокот на информациските пакети. Во случај одреден мрежен јазол/ router или друг елемент од мрежата не е во можност да го прифати и пренесе пакетот понатаму, протоколите нудат алтернативна патека до крајниот корисник/побарувач на информацијата. Софтверот за одржување на протоколите исто така го следи и количеството информација која протекува и известува дали трансакцијата на пакетот е комплетно реализирана.

Корисникот (Web browser) е иницијатор на процесот Web публикување податоци.

Процесот започнува со барање од Корисникот кон интернет мрежата да пристапи до некој компјутер кој сервира податоци.

?????????? (Web browser)

Секој компјутер кој е конектиран на Интернет има свој единствен број познат како IP адреса. За да се поедностави повикувањето/лоцирањето на некој учесник во мрежата, IP адресата се заменува со име/текстуална адреса (domain name). Софтверот за управување со мрежата кој ги спроведува протоколите автоматски ја преведува впишаната текстуална адреса и ја препознава соодветната IP по која го пронаоѓа и поврзува бараниот компјутер и апликацијата/податоците од него.

Web browser-ите се апликации кои имаат функција со впишување локација ( string of characters ) - URL (Uniform Resource Locator ) по одреден протокол (http://- HyperText Transfer Protocol ) побараaт влез на некоја http://www.aдреса доделена по систем за именување (Domain Name System), ( пр. http://www.gizzo.com.mk ) со што се  стартува апликацијата која е сместена на таа локација на интернет серверот и се добива преглед на податоците кои повиканата апликација ги продуцира.

Web page editor ??????????

Web page editor апликација

За да публикуваме податок во некој формат ни е потребна извршна апликација со која ќе го прифатиме, едитираме и визуелизираме пред корисникот.

Информациите кон корисниците на Интернет се дистрибуират преку Web апликации популарно наречени Web портали/страни.

Web порталите се апликации проектирани со цел пред интернет корисниците кои ги повикале преку browser апликацијата да визуелизираат и овозможат користење на податоците сместени на интернет серверот.

 


Начинот/формата како визуелно и кориснички ќе се прикажат податоците кај Browser-от е утврден со сет правила напишани во Hypertext Markup Language (HTML) или други компјутерски програмски јазици (VBNET, Java or ECMA Script.)

Web порталите се креират и едитират со софтверски апликации. Овие апликации овозможуваат директно пишување кодови и програмски скрипти во некој компјутерски програмски јазик или вметнување готови елементи и алатки со кои се формира интерфејсот и функционалноста на Web порталот.

Информациите кои ги прикажуваат порталите може да се во форма на текст, слика и други визуелни и интерактивни форми.

HTML ???- Web design ??????????

HTML код- Web design апликација

Web design апликација е потребно да има само на компјутерот каде се креира и едитира порталот. Крајните корисници не се условени да имаат design апликација.

Web порталите и податоците кои тие ги публикуваат пред корисниците се сместени/лоцирани во директориуми на компјутери кои се наречени Сервери. Web Server - ите, слободно може да се каже, се основната компонента на World Wide Web.
Серверот има функција да ги чува апликациите/податоците и да администрира/управува со примените барања за пристап од Web browser-ите и дистрибуцијата на информациски пакети до нив.
Во client/server концептираната архитектура на интернет мрежата, клиент може да биде секој компјутер што со некаква врска ќе се приклучи на мрежата. Корисникот може да пристапува до различни сервери, а сервер-апликациите со своите алатки и подесувања за администрација треба да овозможат пристап и користење на апликациите/податоците сместени во директориумите на сервер-компјутерот од многу корисници истовремено.
Од хардверски аспект, се препорачува серверот да биде доволно моќна машина која заедно со сервер апликацијата ќе овозможува стабилен сообраќај на информации на релација Сервер/Корисници.

 

 

Web публикување Geo податоци

Структура на системот за Web публикување GeoData

Публикувањето Geo податоци кон Web Browser- ите е условено со технолошки, софтверски и хардверски ресурси.

????????? ?? ???????? ?? Web ??????????? GeoData

Во воведните излагања веќе појаснивме дека Geo-просторните локации со атрибутите/описите кои ги приврзуваме кон нив претставуваат ГеоИнформациски Системи (GIS). Моќта на овие системи е способноста за визуелизација на просторот и интелигентно приврзување на информации за целна локација со што се добива блискост со реалното опкружување.

Својот продукт овие системи го реализираат како склоп од геодетското, информатичкото знаење и соодветна софтверска и хардвер технологија.

Web GIS ??????????, ?????????? ????????

Web GIS апликација, кориснички прозорец

Важно при проектирањето Web GIS апликација е да се земе предвид широкиот круг потенцијални корисници кои се иницијатори на потребата од вакви системи. Значи, апликацискиот интерфејс мора да биде “пријателски“ настроен и системските опции за визуелизација и манипулирање со информациите да се затворени зад едноставни кориснички алатки.

 

GIS решенијата пред  Web корисниците може да се пласираат во неколку форми:

o        Статички карти – без можност за интерактивна врска клиент-карта (GIF, JPG, BMP, TIFF..). Комплетното процесирање на податоците кај оваа форма на публикување се одвива на серверот каде е сместена Web GIS апликацијата. Корисникот нема потреба од инсталирање или вчитување plug-in. Информациите се дистрибуираат во HTML форма и се компатибилни кај сите Web browser-и.

o        Активни карти со различни слоеви – можност и алатки за манипулирање со картата (zoom +/-, pan, layer control). Оваа е понапредна форма и дозволува корисникот преку Web browser-от да користи алатки за соработка со картата. Опцијата за манипулација со картата е врз основа на програмска скрипта која се вчитува кај Web browser-от и ја дава врската со MapServer-от каде се процесираат податоците.

o        Активни карти со различни слоеви (растер-вектор) и опции за прашања - за анализирање и подобро разбирање на картата и нејзините слоеви. Оваа е покомплексна форма на дистрибуција. Врската меѓу корисникот и MapServer-от е преку програмски скрипти, па кај Web browser-от со вчитување на скрипти се возможни едитирања и други напредни GIS алатки.

Креирањето и дистрибуцијата на Web GIS решенија е специфичен процес. Просторните податоците мора да се процесираат и визуелизираат со GIS апликации, серверите треба да имаат можност за препознавање и детерминирање на продуктот од GIS апликациите и администрирање со GIS побарувањата од корисниците.

Концептот за Web публикување и овде се сведува на корисник/апликација/податоци/сервер. Корисникот, со влез на локацијата каде е сместена Web GIS апликацијата го стартува WebMap Server-от, тој  го пренесува барањето преку модули до апликацијата која го процесира и овозможува одговор кон корисникот во форма на визуелна или активна карта со атрибути.

????-????????/ http//: WebMap ServerШема-Корисник/ http//: WebMap Server

Генерално, Web browser-ите препознаваат HTML документи и стандардни растер формати ( GIF, JPG, BMP, TIFF ). За сите други соджини е потребно да се надгради browser-от. Надградбата до можноста да се визуелизира GIS апликацијата се обезбедува од страна на WebMap Server-от и алатките за негово администрирање. Денешните GIS софтверски пакети овозможуваат серверот кон корисниците да дистрибуира софтверски компоненти (Java, ActiveX и plug in's). По вчитувањето на овие компоненти, Web browser-от ги препознава продуктите/податоците од повиканата Web GIS апликацијата.

????-????????/ http//: WebMap Server



WMS ?????????

Форматот во кој се публикуват податоците, брзината со која се дистрибуираат до корисникот, Оперативниот систем, додатоците за Web browser-от  и другите излезни карактеристики се во зависност од применетите софтверско/хардверски платформи. Постојат повеќе платформи.

Функцијата и потребните ресурси на еден WebMap Server и GIS развојна околина ќе ги разгледаме на апликација од MapInfo корпорацијата.
MapXtreme e GIS апликациски сервер и развојна околина за дизајнирање и публикување Web GIS апликации. Развиен е како JAVA и Windows решение, зависно од потребите на GIS инженерите кои ја дизајнираат апликацијата.

Основни карактеристики на MapXtreme апликацијата се:

o        Процесирање и визуелизација на просторни и атрибутни податоци,

§          креирање тематски карти врз основа на реални податоци,

§          автоматско поврзување просторни со атрибутни податоци врз основа на даден критериум,

§          “следење“ на линиите и полигоните со атрибутен опис,

§          менаџирање со леери,

§          манипулации со картата,

§          стил едитор,

§          грид подршка-работа со растерски подлоги.

o        MapXtreme подржува процесирање и пренос на векторски и растерски податоци преку Интернет/Интранет. Според типот на корисниците можни се:

§          Thin корисник

§          Medium корисник

§          Thick корисник

o        Подршка на огромен број истовремени корисници на системот

o        Брз развој на Web GIS апликации

§          Web application wizard – генерирање апликации кои може веднаш да се публикуват на Web,

§          JSP tag Library – едноставно  повикување кодови за креирање интерактивни web страни.

§          Visual и Not Visual Java Beans – готови визуелни компоненти за директно инсертирање при дизајн на Web aпликација.

o        Целосно објектно ориентирана платформа

§          MapRenderer – креирање и манипулација на визуелни публикации,

§          DataProvider – пристап до MapInfo табели и други просторни и атрибутни податоци, убрзување на комуникацијата со Базата податоци,

§          MapXtreme Servlet – менаџира со комуникацијата меѓу DataProvider и MapRenderer

§          MapJ – менаџмент со користењето на системот.

Воопштено може да се каже дека WebMap Server апликациите со нивните алатки и модули имаат функција да ги препознават специфичните file format-и на GISподатоците и да ги прилагодат за широкиот круг корисници да можат да ги визуелизираат во Web browser-ите .
За да ја вршат оваа функција WMS апликациите бараат одредени хардверски и софтверски ресурси. МаpXtreme апликацијата за Windows оперативен систем пр. ги бара следниве ресурси:

  • Windows NT со Service Pack 6 или Windows 2000, со можност за  file copy преку LAN или FTP,

  • (IIS) Internet Information Server – сервер апликација (потребна да ги одржува TCP/IP)

  • Internet Explorer или Netscape во кои ќе се визуелизира Web GIS апликацијата,

  • Администраторски пристап до серверот како би се контролирала комплетната постапка на пристап и дистрибуција на податоци,

  • MapXtreme има потреба од следниве хардверски карактеристики

§     min 400 mhz processor

§     min 256 mg RAM

Функционалноста на МаpXtreme сервер апликацијата се остварува преку неколку основни и дополнителни компоненти кои се инсталираат на Сервер машината која треба да ја публикува Web GIS апликацијата и на машината каде ќе се креира и развива апликацијата.

?????????? ??? ?? ??????????? ?? ????????

Како што претходно беше нагласено, услов за да се инсталира МаpXtreme за Windows, потребно е и Серверот  и компјутерот на кој ке се дизајнира апликацијата да имаат Windows NT или 2000 оперативен систем и IIS 4.0 сервер опција.
Компоненти на МаpXtreme се поделени на развојни алатки за Web GIS апликацијата и MapServer софтвер модули.

?????????? ?? ??pXtreme

Машината на која ќе ја креираме и развиваме Web GIS апликацијата треба да има Web design софтвер т.е интернет развојна околина  каде ќе се пишуват програмските скрипти и ќе се формираат HTML документи за апликацијата.

На машината за развој и на Серверот се потребни  Сервер алатките како би можеле да се поставуват администраторските и софтверски подесувања. MapXData (.gst, tab, mif) се процесира во GIS и се сместува преку развојната машина на серверот од каде се публикува кон корисниците. При развојот и пласирањето на активни Web GIS апликациите се користат и ASP кодови кои треба да ги имаме на развојната и на сервер машината. Преносот на формираната Web GIS апликација кон серверот се врши со стандардно file copy или по FTP.

 

MapXtreme Сервер и Развојни алатки


Internet Development Environment
Потребна е за пишување скрипти и креирање HTML страни. MapX може да се користи со секој IDE кој подржува ActiveX контроли.

ASP Code Modules ? MapXtreme Application Wizard

ASP Code Modules и  MapXtreme Application Wizard

Опција за брзо креирање Web GIS апликации. Со користење на MapXtreme Application Wizard се генерира апликација која е склопена од готови ASP кодови.

Во неколку чекори, прку кориснички прозорец се склопува Web GIS апликација.

Понудени се неколку дизајни/начини за публикување GIS податоци (Hello World, Find Nearest, Thematics)

Креираната апликација е готова за директно публикување пред корисниците кои ќе ја повикаат адресата/локацијата на серверот каде е поставена.

 

MapX
MapInfo MapX е развојна апликација за map продукти . Апликацијата е инсталирана на машината каде се дизајнира Web GIS апликацијата и на MapServer -от.

Компатибилна е со различни Web design опкружувања.

Code Libraries
MapXtreme библиотеката содржи кодови за функциите кои најчесто се користат при развојот на Web GIS апликации. Со краток назив се повикуват веќе претходно развивани и тестирани кодови за основни и понапредни функции за корисничка манипулација.

MapXtreme Server Administrator

MapXtreme Server Administrator

MapXtreme алатка за конфигурирање и администирање со MapServer-от.

MapXtreme site administrator- от со оваа алатка ги поставува “ runtime “

аспектите на MapXtreme, (export image path, број на можни MapXservers и др)

Сервер администраторот овозможува и следење на работењето на сите MapXtreme компоненти ( MapXBroker service, MapXCourier, and MapXServer) .
И овде подесувањата се вршат во неколку чекори преку кориснички прозорец.


Конфигурација на серверот

Map Image Directory
Директориум/ каде на Web server -от ќе се креираат привремените map image files кои ги ствара Web GIS апликацијата.
Ако таков директориум не е поставен, MapXtreme има опција да го креира.

Map Image Alias
Виртуелен директориум на Web server -от .

Default Geoset
Се поставува сет од нивоа кои сакаме да се визуелизираат пред корисникот при првото повикување на Web GIS апликацијата. Ако користиме MapXBroker функција за поделба на ниво на пристап, geoset-от се поставува по групи.

MapXBroker Group description.

Debug Mode
Оваа опција овозможува компатибилност со претходните верзии MapXtreme со иста функција . Ако е вклучена , се креира log file за сите акции и грешки од работата на апликацијата .

Update MapXtreme Configuration
Update MapXtreme конфигурација се повикува кога се извршени промени во конфигурацијата на Сервер апликацијата . Со командата Update , се прифаќат последните подесувања и апликацијата работи според нив.

MapXBroker Groups
При конфигурирањето на серверот се сетира MapXBroker-от. Ако имаме повеќе групи, може да се постават повеќе geoset-ови. Може да се модифицират, додават или бришат MapXBroker групи. Во листата секогаш останува една default поставена.

Add New and Modify Server Group Dialogs
Опција која дозволува  додавање нови групи или модификација на постоечките со нови карактеристики на сервер конфигурациите. При конфигурирањето може да се постави • Име на MapXBroker групата • Можност MapXBroker-от да формира default конфигурација • Geoset кој MapXServer ќе го дистрибуира за оваа група • Број на MapXServers кои може да стартуват со оваа група • Максимум време колку корисникот  може да се задржи на некој дел од MapXServer • Максимум време во кое MapXServer-от треба да воспостави врска со клиенот или да испрати порака за неовозможена комуникација.

 

 

MapXtress Utility

Овој модул му помага на MapXtreme server administrator -от да детерминира точен број MapXServer -и на конфигурацијата кај MapXBroker server групите .

MapXtress Utility

 

Geoset Manager


Geoset Manager

Оваа алатка се користи за да се формират “колекции“ од повеќе нивоа просторни податоци/карти.
Се зачувуват како сет и се повикуваат при конфигурирањето на апликацијата за дисплејување во првиот момент на пристап на корисникот до Web GIS aplikacijata.

 

MapXtreme Server Administrator-от има можност да го надгледува статусот на работата на Map Engine компонентите.
Во кориснички прозорец е прикажана актуелната состојба на сите процеси потребни за креирање и дистрибуција на GIS податоците пред корисникот.

MapXtreme Objects

MapXtreme Objects

• MapXBroker status покажува дали   MapXBroker е повикан и работи како NT service.

• Статус на MapXServer object -ите креирани со инсталацијата. Ако некој сегмент е некоректно инсталиран, се сугерира нова инсталација.

• Статус на MapXCourier object -ите креирани со инсталацијата. Ако некој сегмент е некоректно инсталиран, се сугерира нова инсталација.

Дадена е опцијата “Refresh” за реиницијализирање на актуелноста на работните процеси на апликациите и опцијата “Stop MapXBroker”.

Geocoding Components (MapMarker Object Settings)

MapMarker object е креиран со инсталацијата на Server Tools компонентите. Ако инсталациата не е во ред GeoCoding функциите се оневозможени и потребно е пресетирање.

Во овој дел од сервер администрирањето може да се прегледат сетирањата за MapMarker object.

Geocoding Server

Листа од достапни MapMarker Server -и. Овозможено е “Test” на селектираната конфигурација.

Test командата ни прикажува

• Состојбата со конекцијата на MapXtreme Server Administrator geocoding server-от.

• Состојбата со конекцијата на MapXtreme Server Administrator и адресата на geocoding server-от.

Map Engine Tab
Овозможува администраторот на серверот да ја следи излезната апликација кон корисниците кои пристапуват. Ако податоците прикажани во MapObject прозорецот се коректно дисплејувани, значи апликацијата работи нормално, по поставените конфигурациски параметри.

MapX Broker Group

MapXCourier се користи за комуникација со MapXBroker кој треба да земе MapX објект од дадена локација и да го експортира и прикаже/испорача како карта.

Export Format
Се подесува во кој формат да се експортират image/raster фајловите што ги овозможува Web GIS апликацијата како опција за корисниците.

Tools
Алатки за манипулација со мапата-основни модули.

MapX Broker Group

Конфигурираната WebMapServer апликација е подготвена да ги дочека и процесира барањата од Web browser-ите.

Како корисникот ја стартува MapXtreme апликацијата.

Откако MapXtreme script е креирана со development tools, по некој протокол за трансфер на податоци се сместена на Webserver да работи кога корисникот ќе пристапи кон Web порталот. Кога корисникот ќе избере некоја команда која ја нуди интерфејсот на Web GIS апликацијата, скриптата се активира и ја повикува map engine-та ( склоп од објекти и методи на MapXtreme апликацијата кои го овозможуват пристапот и комуникацијата со MapX кој е генератор на GIS апликацијата која је публикуваме на Web ),

Koга скриптата ќе направи интерактивна врска со map engine-та, тогаш map engine-та испраќа GIS дисплеј (зависно од типот на GISапликацијата која е сервирана и карактеристиките на сервер платформата податокот може да биде само растер.gif.jpg file или активна векторска карта) во форма на HTML страна која е препознатлива за Web browser-от.

 

Мap engine-та може да дизајнира различни патишта за пристап и комуникација со MapX. Овде се мисли на координирање со количините на податок кои ќе протекуват меѓу GISапликацијата и крајните корисници. Овие критериуми се поставуваат на почетокот од развојот на комплетната платформа за Web публикување.

 

MapXtreme Scalability
Претставува модул со кој се сетира очекуваниот проток на податоци во зависност од бројот и типот/потребата на корисниците за кои претежно се развива Web GIS апликацијата . MapXtreme нуди вертикална распределба на различни типови проток.

Vertical Scalability
Вертикалната распределба на сообраќајот на податоци се постигнува со оптимизирање на Web server -от преку MapXBroker. MapXBroker -от се избира во MapXtreme map engine -та. За Web апликации со помал волумен распределбата е конфигурирана со инсталацијата. Конфигурацијата работи добро се додека не се зголеми бројот на корисници кон апликацијата во исто време. Во вакви случаи е потребна распределба на пристапите со пренасочувања на акцијата, како кон крајниот корисник нема да се дозволи пораката

The page cannot be displayed

The page you are looking for is currently unavailable. The Web site might be experiencing technical difficulties, or you may need to adjust your browser settings.

Моментот на овозможување пристап и стабилна дистрибуција кон многу корисници е најважен и кај сите платформи за Web GIS публикување му се посветува големо внимание.

Воопштено, разгледаните алатки и методи на WebMapServer апликацијата MapXtreme, се креирани со намена да му овозможат на MapX, генераторот на GIS апликации и податоци, да ги дистрибуира картите во визуелна и интерактивна форма до обичните корисници без услов тие да поседуват кај себе GIS viewer апликација.

Подеталната елаборација на ресурсите и технологијата кај WebMapServer платформите, се надевам, ќе следува како надградба на овој труд во елеборирана и реализирана верзија.

 

Web портал   www.gizzo.com.mk
Апликација со повеќе елементи публикувана на Интернет сервер, достапна за сите Корисници

Gizzo.com.mk е Web портал за Геодезија и многуте области од современото живеење поврзани со неа.
Во нашата држава немавме место каде се публикува геодетската наука, активности и достигнувања, а тоа беше основниот мотив да се иницира оваа страна која ќе биде  репрезент на дејноста, најмногу за нејзината примена во современото секојдневно живеење и стручни анализи.
Најзабележлива во секојдневието е примената на Геодезијата за визуелизација на одредени просторни сегменти, па страната се развивава и во таа насока, што би било од интерес за секој кој сака да разгледа некоја локација за било која цел.
Учество на Корисниците е секогаш добродојдено со отворени критики, предлози, информации што би се вклопиле во содржините на оваа страна формирана како e -Macedonia geo info.
Дополнувањето и ажурирањето податоци на страната е min 4 пати месечно, т.е се дополнува со добиени и обработени некоја информација.
Порталот е активен од 04.04.2005 и секојдневно се развива и дополнува во рамките на можностите од аспект на софтверски, информатички ресурси и нивото на соработка и интерес од стручната јавност.


Дизајнирањето и развојот на порталот е во Microsoft FrontPage апликацијата, со користење на дополнителни алатки за дообработка на графичките елементи.
Основната функција на  Microsoft FrontPage апликацијата е да креира HTML документи со можност за визуелен приказ “ preview “ за испишаните кодови.
Апликацијата овозможува инсертирање и едитирање на готови Web елементи креирани со други апликации.

2

Значи, FrontPage е генератор на Web апликацијата која може да се публикува на сервери од различен тип.

 

Web апликацијата сместена на адресата www.gizzo.com.mk публикува текст, графика и динамички елементи (актуелна временска прогноза, визуелна карта на РМ со кориснички алатки)

3

За да се креира Web портал, освен софтверски и хардверски ресурси, потребна е и концепција/архитектура по која ќе се организират податоците со цел пристапност и прегледност во browser-ите, на корисниците.

Gizzo.com.mk е концепциски поделен на 6 главни страни кои се носители на секторите информации кои ги презентира.

4

Порталот е сетиран при влез на корисник на адресата да ја прикаже почетната страна Home (/index.htm) . Другите 5 главни страни публикуваат информации од различен карактер. Секоја пообемна информација е пренасочена во поединечни подстрани кои се линкувани кон страната со повисока хиерархија од нив.

gizzo.com.mk – ??????????? ?? ??????????

   
gizzo.com.mk – Архитектура на компоненти

Користејки ги отворените ресурси на World Wide Web и со основна цел порталот пред корисникот да понуди повеќе информации, вметнати се:

o         Aктивна карта од сервер/директориумот на светскиот пребарувач google.com

Врската со google maps серверот е реализирана со код/скрипта за конекција одобрена со регистрација на доменот кон кој треба да се дистрибуират податоците,

Google maps сервер/директориумот публикува динамичка GIS апликација – Активна карта. Од аспект на геометријата генерирани се ректифицирани image/raster и вектор форми на просторен податок за површината на цела Земјина површина. Последно од истиот сервер/директориум од областа на дистрибуција просторни податоци е апликацијата Google Space, која публикува сегменти од вселенскиот простор.

Интеракцијата со корисниците Google maps ја остварува со Java scripts, кои ги вчитуват browser-ите за да е овозможена визуелизацијата на просторот во форма на активна карта. Со пребарувањата по просторна локација/адреса, одговорот е во форма на активна карта со кориснички алатки (зголемување, движење, манипулација со дисплејувани нивоа податок) и информации поврзани со пребараната локација, просторно и именски.

6

 

o        Активен приказ на актуелната температура на воздухот (Локација-Скопје) со ажурирање на информацијата директно од процесирани актуелни податоци од сервер/директориумот weather.com , овозможено преку HTML код поврзан со кориснички домен.

    прилог- HTML код

 

o         Можност за пребарување по поим низ македонскиот Web простор, превземено со html код од пребарувачот pogodok.com.mk

    прилог- HTML код

 

Порталот gizzo.com.mk во светската мрежа е поставен на комерцијален Web сервер.


Комуникацијата/преносот на Web апликацијата од развојната локација на Web серверот е по File Transfer Protocol ( ftp )

Администрирањето со порталот е преку Server Control Panel кој овозможува преглед и едитирање на можностите на серверот.

 

 

9

Серверот на кој е хостиран порталот работи со Linux оперативен систем на intel 686 машина, задоволителни перформанси за публикување апликации од овој тип.

Другите карактеристики на серверот се прикажани во приложената табела.

На порталот gizzo.com.mk се додадени 6 поддомени - независни Web портали со помал обем информации за дистрибуција (пр. http://www.diplomski-geo.gizzo.com.mk )

Од алатките на Control Panel-от се следи кои апликации ги нуди серверот за дистрибуција на порталот, статистиките за сите активности на порталот и пристапите од корисниците кон порталот.

10

Прегледот на статистиката за посетеноста и користените ресурси од порталот е добар показател за развојните насоки.

 

Овој преглед дава информации за бројот на корисници кои пристапиле на адресата, време кога пристапиле, интервал колку се задржале, Држава и Ipадреса од која пристапиле, дали пристапиле директно или преку пребарувач,кои документи колку пати се прегледани, со кој Web browser-и најчесто се пристапува и други корисни информации.

 

Врз основа на оваа статистика се донесуват заклучоците за унапредување на содржините и технолошките платформи на порталот.

Во досегашното постоење кон gizzo.com.mk пристапиле околу 3500 корисници од различни локации/IP адреси. Резултатот е задоволителен.

Насоки за развој на порталот ќе одат кон максимално прилагодување на понудените содржини за “активна“ соработка со корисниците/Web browser-ите. Се мисли на динамички објекти кои публикуваат информација актуелизирана по директно барање од Корисникот.

 

Заклучни ставови од темата

Гео Информациските Системи и можноста за нивно пласирање пред огромниот број корисници на широката светска мрежа ( World Wide Web ) отвара нови перспективи во современото секојдневие.

Потребата за пристап и користење Geo и GIS податоци доаѓа од многу државни и приватни институции, физички лица од стручен и општо информативен аспект.

Д игиталната форма на просторен податок е секогаш поприфатлива за брз трансфер, понатамошна обработка и прилагодување кон специфични кориснички потреби.

Светските трендови и преоѓања кон електронско општество (E-community) се причина повеќе за имплементација на Web GIS услужни портали.

Информацијата која се продуцира со Гео Информациските Системи нуди високо ниво на блискост со реалното опкружување. Блискоста се должи на визуелната претстава на просторни сегменти кои се едноставно препознатливи за човечките сетила, што овозможува полесно добивање заклучок од добиената информација.

Полезноста на Web GIS порталите во ерата на компјутерите може да се имплементира во многу институции кои дават услуги поврзани со просторни податоци кон широк круг корисници.

Секој корисник ќе биде позадоволен ако бараната информација ја добие на домашниот компјутер отколку да застане во ред во чекална. Во еден ваков систем секое барање до детал се регистрира и секој има ниво на пристап.

Со добро осмислен и безбедно администриран електронски дистрибутивен систем правата и забраните на корисникот се утврдени со логирањето и регистрацијата на корисниците со што се постигнува безбедноста и довербата кон системот.

Добивката е и на страна на институцијата , податоците се дистрибуирани, нема субјективни фактори во реализацијата на издадените информации што ја намалува можноста од грешки и заостанати обврски.  

Дистрибутивен систем од ваков тип е препорачливо да се креира како  решение за Катастарот - Единствен регистер на недвижности за цела држава, Општинските урбанистички сектори, пристап до урбанистички планови, Берзите со недвижности во своите понуди, Културни и туристички локалитети и многу други сегменти од нашите 25 713 кm 2 недвижен простор.

 

Користена литература и податоци


  • Гео ИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ проф . др.Ванчо Ѓорѓиев, Градежен факултет -Скопје, 2004г .
  • MapXtreme for Windows_Developer's Guide v3.0.pdf - www.mapinfo.com
  • Google Maps API Documentation - www. maps. google.com
  • Web GIS: Technologies and Its Applications , Ottawa 2002 A.A Alesheikh, H Helali, H.A Behroz –Dep of Geodesy & Geomatics eng, KN Toosi University of Tehnology – Tehran , Iran
  • Designing Process of a GIS-based System for Historical Documentation - Caner GUNEY and Rahmi Nurhan CELIK, Turkey
  • Microsoft® Encarta® Encyclopedia 2003 . © 1993-2002 Microsoft Corporation.

 

 

Библиотека на користени поими


World Wide Web ( www ), The World Wide Web is often referred to simply as “the Web.”
Transmission Control Protocol/Internet Protocol ( TCP/IP )
Uniform Resource Locator ( URL )
HyperText Transfer Protocol ( HTTP ) is “transaction” style protocol
File Transfer Protocol ( FTP ), is part of the (TCP/IP)
HyperText Markup Language ( HTML )
eXtensible Markup Language ( XML )
Active Server Pages ( ASP ),
Application Programming Interfaces ( API ) for image processing and display
Internet Map Server ( IMS )
Internet Information Server ( IIS ), Microsoft
Internet Server Application Programming Interface (or ISAPI ), Microsoft